Денеска гледајќи ги насмеаните лица, знам дека во изминативе три дена се исполнети душите со позитивна енергија и дека сите уживаат во уметноста којашто ја споделија овие деца, сами меѓу себе и со сите нас и би рекол, вистински актеришта.
Пет – годишната традиција на „Игри без маска, театар без дискриминација“ воопшто не е мал јубилеј и секако е повод истиот да се слави, особено имајќи го предвид фактот дека овој меѓународен фестивал е единствен на Балканот од ваков вид.
Ова го рече премиерот Зоран Заев во обраќањето на петтиот меѓународен драмски фестивал за лица со и без попреченост „Игри без маска“ – театар без дискриминација кој е единствен фестивал од овој вид во земјите од Западен Балкан.
-По примерот на ваквите фестивали, чија крајна цел е вклучување на лицата со попреченост во сите културни настани, политиката на Владата е пред се, создавање на општество кое повеќе нема да ги стигматизира лицата со каква било попреченост.
Да создадеме општество коешто во себе ќе ги вклучи сите без разлика на нивниот физички изглед или ниво на ментален развој – рече Заев.
Претставник на здружението „Тризомија 21“, на Заев, му подари маска во рамка, во знак на благодарност за поддршката.
Сопругата на премиерот, Зорица во име на семејството Заеви, на претставниците на организацијата „Тризомија 21“, која го организира фестивалот, им предаде донација во финансиски средства за поддршка на оваа манифестација.