Премиерот Зоран Заев денеска се сретна со претставници на независна група на сметководители кои му ги изложија своите сугестии што според нив треба да бидат вградени во новото законско решение што ја регулира оваа сфера.
Премиерот, како што соопшти владината прес- служба, истакнал дека Владата со сериозност пристапува кон изготвување на новиот Предлог-закон за вршење на сметководствени работи и оти ќе бидат разгледани забелешките дадени од страна на сметководителите.