Заев на пуштање на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Косовскиот премиер Харадинај, покрај Заев и Марковиќ, на инаугурацијата на автопатот „Арбен Џафери“ го покани и претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама, меѓутоа, според косовските медиуми, тој најверојатно нема да присуствува на свеченоста.

636

Претседателот на македонската Влада Зоран Заев, заедно со министерот за транспорт и врски Горан Сугарески, ќе присуствува денеска на свеченоста по повод пуштањето во употреба на последната делница од автопатот „Арбен Џафери“, кој го поврзува главниот град на Косово со границата со земјава.

Како што јави дописникот на МИА од Приштина, градежните работи на изградбата на косовскиот дел од автопатот Приштина – Скопје се завршени вчера, а своето присуство на денешната свеченост во близина на граничниот премин Блаце, го потврдија тројцата највисоки косовски челници – претседателот на државата Хашим Тачи, парламентарниот спикер Кадри Весели и премиерот Рамуш Харадинај.

Како гостин на свеченоста закажана за 12 часот, покрај македонскиот премиер, се очекува да присуствува и претседателот на Владата на Црна Гора, Душко Марковиќ.

Косовскиот премиер Харадинај, покрај Заев и Марковиќ, на инаугурацијата на автопатот „Арбен Џафери“ го покани и претседателот на Владата на Албанија, Еди Рама, меѓутоа, според косовските медиуми, тој најверојатно нема да присуствува на свеченоста.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...