Пет до шест големи странски инвестиции ќе инвестираат повеќе од 2 милијарди евра во наредниот период, најави денеска премиерот Зоран Заев.
Тој , како што рече, не може да ги открие имињата во овој дел од процесот на одлучување, но најави брзо донесување на Закон за стратешки инвестиции.
-За да можат да инвестираат во земјава овие големи инвеститори ќе треба да донесеме Закон за стратешки инвестиции поголеми од 100 милиони евра. Тој ќе биде донесен на брза трака за да можат инвеститорите да донесат соодветни одлуки – рече Заев.
Заев најави дека дел од нив ќе бидат сместени во Скопје, но и во други градови во земјава.