Заев најави можност за олеснување на регистрацијата во УЈП

500

Владата најавува можност за корекции во постапката за регистрирање на даночните обврзници за персоналец. За оние што имаат приход само по еден основ, или само плата или само пензија.

-Разгледуваме варијанта за пензионерите и за примателите само на плата, кои немаат други приходи, да се искористи и буквално да немаат таква обврска. Ако е возможно, тоа ќе го соопштиме. Граѓаните треба да знаат дека ние немаме намера да правиме нешто што е непријатно, впрочем целта е да им олесниме на граѓаните во делот на услугите кои ги дава УЈП – изјави премиерот Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...