Заев: Наредната година пензионерите ќе добијат плус 10.000 денари

Во своето обраќање пред пензионерите, премиерот Заев соопшти дека во Владата се прават анализи за подобрување и осовременување на системот на пензионерските и домовите за возрасни лица со вклучување на економски мерки, односно субвенции за инвестициите кои ќе вклучат грижа и поволни услови за изградба на домови за пензионерите.

1169

Пензионерите следната година просечно ќе добијат 10.000 денари повеќе или околу 850 денари месечно поголема пензија, изјави премиерот Зоран Заев на средба со пензионерите во сојузот на пензионери.

– И тоа не е симболично покачување. Напротив. Од јануари во 2020 година просечната пензија со предвиденото покачување ќе изнесува околу 15.500 денари. Владата за 2020 година предвиде покачување од 700 денари и дополнително усогласување од околу 200 денари, што значи дека пензиите ќе пораснат за околу 900 денари – рече  Заев.

Во своето обраќање пред пензионерите, премиерот Заев соопшти дека во Владата се прават анализи за подобрување и осовременување на системот на пензионерските и домовите за возрасни лица со вклучување на економски мерки, односно субвенции за инвестициите кои ќе вклучат грижа и поволни услови за изградба на домови за пензионерите.

На мерките во здравството посебно се задржа министерот за здравство Венко Филипче, кој ја издвои мерката за укинување на квотите за лекови која веќе 2 месеци е на сила.

Министерот истакна дека со укинувањето на квотите за лекови на рецепт граѓаните имаат достапни лекови во кој било период од месецот, повеќе не стравуваат дека ќе останат без потребната терапија и дека драстично за само еден месец се смени сликата за проблемот којшто се провлекуваше со децении.

Филипче ги информираше пензионерите дека вакцинацијата против сезонски грип е почната и сите лица над 65 години можат бесплатно да се вакцинираат. Тој исто така ги потсети пензионерите дека во предлог-буџетот за 2020 година одвоени се средства за болничко лекување без наплата на партиципација за пензионери со пензија пониска од просечната во земјата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...