Премиерот Зоран Заев денеска испрати порака кон оние коишто ја критикуваат политиката на власта со данокот на додадена вредност, особено мерката за враќање на ДДВ, по веста дека освен премиерското, привремено, тој биде и министер за финансии.
– Секако, јас и досега работев со министерот Тевдовски, ги знам сите проекции и постапки, летово нема да се случуваат некои драматични работи околу ребаланс или слично, веројатно есента. Она што е важно е на први јули да почне проектот на повраток на ДДВ и сите оние што кубат коси да престанат со тоа заради тоа што е изгорена нашата земја, никогаш не се враќале пари, е сега дали некој ќе добиел 12 илјади, 15 или 27 илјади и слично, дебата ја отвараат одреден дел мрчатори во општеството. Ние враќаме пари кај граѓаните и ова е толку, дај Боже да враќаме повеќе, ако проектот успева граѓаните ќе вратат повеќе пари – рече Заев и додаде:
– Главна задача е порастот на платите, не само во делот на здравството и здравствените работници, од први септемвери и на голем дел од јавната администрација, но сакаме да направиме крупни чекори кон пораст на севкупните нето плати кои се земаат во земјата – изјави Заев.