Премиерот Зоран Заев и денеска најави дека годинава се планира зголемување на минималната плата, но рече дека допрва треба да се реализираат преговорите со дзаинтересираните страни.
– Тоа ќе биде транспарентен процес. Ќе преговараме со синдикатите и исто така со работодавачите. И медиумите ќе бидат вклучени за да известуваат за процесот, бидејќи ние сме солидарна држава. Ние веќе еднаш така направивме кога ја зголемивме минималната плата првиот пат – рече Заев на денешната прес -конференција.
Според него, наскоро ќе почне и процедурата за почниување на преговорите во Економско социјалниот совет.
– Има простор за уште едно зголемување кое ќе ја активира дополнително спиралата на покачување на сите преостанати плати во Македонија. Како што е редот, на самиот почеток на годината ја соопштивме само намерата, а набрзо верувам дека ќе започне процесот – рече Заев.