Заев има план Б за себе

12551

Сега е прејасно дека Заев имал план Б, ама не за државата, туку за својата судбина.

Психодрамата околу датумот не била случајна, туку намерно, ад арте креирана, за што поголем фокус да се стави на одлуката на ЕУ, а што помала вина да се бара во недоследностите на нашите власти.

Очигледно од власта биле и посвесни за малите шанси Франција да попушти, во спротивно зошто Заев би инсистирал 4 месеци за средба со Макрон, без притоа да дојде до тоа. Јаки советниците и нивните контакти со кабинетот на Макрон инаку.

Што пак кажува дека Заев не бил лажен, можеби бил од евробирократите, но не и од амбасадорот на Франција, кој во повеќе наврати испраќаше предупредувачки пораки и до јавноста.

Што значи, дека Заев ја лажел јавноста, како што ја лажеше од прв момент кога пред година дена најави сигурен датум за преговори. Како што лажеше дека нема да дозволи предвремени избори. Но, се било глума.

И сега што прават, наместо да се нафатат со реформи, наместо да нагазат уште посилно и да се расчисти маглата околу идното проширување, Заев деклинира кон Груевски.

Глуми налутеност и бес, кога цело време знаел што нѐ чека, а државата и институциите не ги подготвил за ваков исход.

Сега игра на истата патетика како Груевски, на истата карта да ја искористи ситуацијата за партиски цели, без притоа да објасни кои се следните чекори, освен празните декларации за понатамошни евроатлантски интеграции.

Тезата на партијата и на неговите апологети – дајте му 61 пратеник да прави реформи, е смешна, кога за договори и закони за јазици, се наоѓаше потребно или 2/3 мнозинство, но не и за реформите.

Се наоѓаше мнозинство и за Законот за партии, каде се наградија со речиси 5 милиони евра на годишно ниво, но не се најде мнозинство за ниедна неопходна реформа.

Манипулацијата на Заев тргнува од далеку, како и неговота неодговорност да очекува датум само заради постигнатите договори, да продолжи со криминал и корупција, и да не направи ништо на реформски план.

Ова е голема штета, ова е огромен кукавичлук, без разлика што и да ви кажат слугите на оваа власт.

Ќе одиме на избори без попис, без прочистен изборен список, без една изборна и без отворени листи, без сите реформски ветувања за кои оваа власт збореше со години и така всушност и доби избори.

Ова се најштетните, најнеодговорните избори за Македонија, ова ќе биде непотребно изгубено време и ресурси, ова е срамотата на безидејната политика на Заев.

Заев е тело без коски, човек за кој сѐ поминува, кој е способен сѐ да каже и да излаже, а притоа цело време да се преставува како жртва или дека некој друг е виновен.

Ќе заклучиме по илјадити пат, оваа власт е нешто подобра од Груевски, но сепак е подеднакво ужасна.

(Статус на Фејсбук на авторот)

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...