Премиерот Зоран Заев, од свое лично име и од име на Владата упати честитки до режисерите на долгометражниот документарен филм „Медена земја“, Љубомир Стефанов и Тамара Котевска и до целиот тим кој работеше на ова маестрално филмско остварување кое триумфираше со победа во три категории на престижниот филмски фестивал Санденс (Sundance) којшто се одржува во Парк Сити, Јута во САД.
Упатувам искрени честитки за постигнатиот успех кој верувам во иднина ќе биде уште поголем мотив и инспирација за креација на нови врвни филмски дела. Владата на Република Македонија и Агенцијата за филм ќе продолжат да подржуваат квалитетни филмски проекти и млади автентични филмски работници со цел нашата култура да добие своја афирмација со учество на што е можно повеќе македонски филмови на престижни светски филмски фестивали“, посочува премиерот Заев во честитката.