Охриѓани изненадени што премиерот Зоран Заев им одговара на нивните прашања во телефонски пораки и во два часот наутро. Дел од нив го пофалија премиерот за транспарентноста на граѓанската трибина „Силна економија – шанса за сите“ која се одржа во Охрид.
Премиерот рече дека граѓаните и натаму можат да му поставуваат прашања преку пораки на телефон во секое време.
-Дневно одговарам на 2.000 до 5.000 пораки на граѓаните и ќе одговарам на нив во секоте време колку што можам -рече Заев.