Продолжуваат консултациите помеѓу институциите, пазарџиите и другите засегнати страни со цел да се изнајдат взаемно прифатливи решенија. Пазарџиите вчера се сретнаа со премиерот Зоран Заев и министерот за економија, Крешник Бектеши.
Како што соопшти владината прес-служба премиерот ги слушнаа аргументите и барањата на пазарџиите.
„Премиерот Заев рече дека Законот за зелени пазари се одложува за една година и беше постигната согласност дека ќе продолжат консултациите помеѓу институциите, пазарџиите и другите засегнати страни со цел да се изнајдат взаемно прифатливи решенија кои ќе бидат во интерес на пазарџиите и сите засегнати страни кои работат во оваа област, во насока на воспоставување на ред, намалување на нелојалната конкуренција и регулирање на дејноста“, соопшти прес-службата.