Заев: Во петок ќе се знае дали ќе има ребаланс на Буџетот

122

Во петок ќе имам состанок во Министерството за финансии на кој дефинитивно ќе утврдиме дали ќе има ребаланс на Буџетот или не и ако го правиме кога ќе го правиме, најави денеска премиерот Зоран Заев.

– Од она што значи следење на Буџетот од моја страна сметам дека нема потреба од ребаланс, но својот став и аргументи треба да го каже и Министерството за финансии. Ние немаме некои потреби што треба да ги реализираме, а не се проектирани во Буџетот -рече Заев во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција во Владата.

Сепак, додаде, јас сакам да разговарам малку подлабоко со Министерството за финансии за сето она што може да биде рационално искористено, а гледаме дека нема да се искористи да се алоцира онаму каде што може максимално да се искористи.

Тој нагласи дека останува на проекцијата за раст на БДП од 3,2 отсто и додаде дека очекува да се зголеми реализацијата кај капиталните инвестиции.

– Од оние 400 милиони евра кои се капитални инвестиции во Буџетот само еден дел се трансфери за гасификација, железница и патишта. Капиталните инвестиции патишта, железници и инфраструктура се надвор од реализацијата на капиталните инвестиции и само 200 милиони евра се буџетски средства во реализацијата. Синтетички и аналитички гледано внатре за мене постои можност во огромен процент целото тоа да се рализира – посочи Заев.

Премиерот нагласи дека тоа зависи од ефикасноста на имотно-правната служба, катастарот и храброста на јавната администрација да носи одлуки за јавните набавки кои треба да се спроведат.

-Треба да направиме се што можеме за да вбризгаме колку што може повеќе капитални инвестиции – рече Заев.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...