Експремиерот Зоран Заев ќе му биде гостин на Жаре во „Еден на Еден“, во емисијата што ќе се емитува во недела, од 18.30 на Канал 5.
Многу приватни и професионални приказни раскажа поранешниот премиер, а една од нив е дека тринаесет години по ред, новогодишната ноќ ја поминувал во Заводот за заштита Бања Банско, со децата со посебни потреби.
– Многу често како градоначалник, не сум имал прилика да славам Нова година. Знаат струмичани, 13 години по ред, Новата година ја чекав во Заводот за заштита Бања Банско, со децата со посебни потреби. За мене Новата година е како излегување во сабота вечер – раскажа Заев за времето кога беше градоначалник на Струмица.
– Тука песни се пееја, од Тоше Проески, стари македонски песни – му рече Заев на Жаре и додаде дека со децата му било многу убаво.