Премиерот Зоран Заев смета дека нема потреба од ребаланс на буџетот летово, но на есен ќе се прават пресметки дали ќе треба со ребаланс да се покријат одредени потреби со редефинирање на буџетските средства.
– Буџетот сега не покажува индиции дека има потреба за ребаланс. Од септемвр, како што е тоа законски, ќе се прават пресметки дали треба да се наоправи ребаланс за да се покрие еден мал сегмент на потреби- рече Заев по денешната прес-конференција на која беа претставени компаниите кои добиле државна помош од првиот и вториот столб на планот за економски раст.
Тој посочи дека зголемувањето на задолжувањето е во рамки на потребното за покривање на дефицитот и раздолжување кон странство.
Заев, како што рече, не задоволен што реализацијата на капитланите инвестиции, очекува во наредниот период да се оствари зацртаното.