На Неформалниот состанок на премиерите на земјите од Западен Балкан, на тема регионални економски интеграции, што денеска се одржува во албанскиот град Драч, не присуствуваат претседателот на Владата на Македонија, на Србија и на Босна и Херцеговина.
Српската премиерка Ана Брнабиќ и претседавачот на Советот на министри на БиХ, Дениз Звиздиќ претходно најавија дека нема да присуствуваат на собирот, додека македонскиот премиер Зоран Заев денеска не отпатува за Драч поради лошите временски услови.
И бугарскиот премиер Бојко Борисов претходно ја откажа посетата на Драч, поради сообраќајната несреќа кај Своге во која загинаа 16 лица, а давесеттина се повредени.
На состанокот во Драч домаќин е албанскиот премиер Еди Рама, а учествуваат еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, црногорскиот и косовскиот премиер Душко Марковиќ и Рамуш Харадинај, како и претседателот на Европската банка за обнова и развој, Сума Чакрабарти.