Заев, Адеми и Шилегов ќе отворат изложба за ликовните врски со италијанските дела

Изложбата „Конекции во колекциите - италијанско-македонски паралели“ се обидува да прикаже можни ликовни врски меѓу делата од италијански и македонски автори застапени во колекцијата во Музејот на современата уметност.

115

Во Музејот на современата уметност во Скопје денеска ќе биде отворена изложбата насловена „Конекции во колекциите – италијанско-македонски паралели“.

Изложбата ќе започне со кусо обраќање на премиерот Зоран Заев, министерот за култура Асаф Адеми, амбасадорот на Италија во Македонија Карло Ромеро и градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Свое обраќање ќе имаат и д-р. Рикардо Пасони, директор на „Галерија на модерна и современа уметност“ во Торино и кураторот на изложбата Бојана Јанева Шемова.

Изложбата „Конекции во колекциите – италијанско-македонски паралели“ се обидува да прикаже можни ликовни врски меѓу делата од италијански и македонски автори застапени во колекцијата во Музејот на современата уметност.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...