Задржани на распит седум лица за терористичкиот напад во Стразбур

84

Седум лица се задржани на распит во врска со терористичкиот напад во Стразбур извршен во вторникот, соопшти денеска францускиот главен обвинител за борба против тероризмот Реми Ејц.

Меѓу задржаните се четири члена на семејството на Шериф Шекат, идентифициран како изврштел на нападот на божиќниот базар во источниот француски град, при што беа убиени три лица. Останатите тројца приведени, исто така се лица блиски на Шекат.

Иследниците се обидуваат да дознаат дали некој му помогнал или го поттикнал Шакат да го изврши нападот и дали некој му помогал изминативе два дена додека се криеше.

Шакат беше убиен минатата ноќ од страна на француската полиција.

Според обвинителството, четворица од 13-мината повредени во нападот сè уште се во болница, а еден од нив е во критична состојба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...