Загриженост во Словенија поради основање на паравоена група „Штаерска гарда“ (ФОТО)

Словенечкиот поратал 24ур објави дека словенечки ултрадесничари кои се претставуваат како „Штаерска гарда“ на социјални мрежи објавиле фотографии и снимки од собири на непозната локација најавувајќи „жешка есен“.

322

Словенечкиот претседател Борут Пахор и премиерот Миро Церар изразија загриженост поради наводното основање „паравоена група“ од Марибор и оценија дека тоа е неприфатливо.

– Претседателот на државата изразува голема зариженост поради постоењето на таа вооружена група која според нивниот лидер Андреј Шишко би обезбедувала мир и ред во државата и би ја надгледувала границата. Тоа е целосно неприфатливо – соопштија од Кабиентот на Пахор.

Словенечкиот поратал 24ур објави дека словенечки ултрадесничари кои се претставуваат како „Штаерска гарда“ на социјални мрежи објавиле фотографии и снимки од собири на непозната локација најавувајќи „жешка есен“ и протести кои „Словенија ќе ја претворат во Венецуела“.

Порталот наведе дека голем број Словенци не верувале во тоа, но подоцна информацијата ја потврдил поранешниот претседателски кандидат Андреј Шишко кој за локални медиуми рекол дека тој е лидер на таа група.

ФОТО: Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...