Возач на автомобил загина утрово во јужна Франција кога со возилото удрил во камион на обиколка блокирана од „жолтите елеци“, соопштија локалните власти.
– Возачот, 36-годишен маж, загина во сообраќајна несреќа што се случи во близина на Перпиња – изјави полициски службеник.
Со ова бројот на смртни случаи поврзани со повеќенеделните антивладини протести се зголеми на десет.
Демонстрантите и денеска организираат протестни акции ширум земјата, како и секоја друга сабота, почнувајќи од средината на ноември