Пилотот на шпанскиот воен авион што денеска се урна во море на југоистокот од земјата, сепак, го загубил животот, соопшти шпанското Министерство за одбрана.
Во соопштението се наведува дека е пронајдено тело за кое се верува дека е на пилотот, а конечната потврда треба да ја дадат форензичарите по извршениот увид, пренесоа американските медиуми.
Министерството за одбрана претходно наведе дека пилотот успеал да се катапултира пред леталото да падне во водата.
До падот на авионот Ц-101 дошло утринава во текот на тренажен лет во подрачје на плажата Манар де Мар Менор, на југоистокот од Шпанија.