Сите седум члена на екипажот загинаа при пад на воен хеликоптер во близина на Каракас, соопшти Министерството за одбрана на Венецуела.
„Хеликоптерот летал од Каракас во сојузната држава Кохедес, каде што се наоѓаше претседателот Николас Мадуро“, се наведува во соопштението.
Властите ја испитуваат причината за несреќата.
Хеликоптерот удрил во планина кај Каракас. Во авионот имало двајца потполковници и петмина офицери.
Мадуро, на својот профил на Твитер, напиша дека „длабоко жали поради несреќата“ и испрати сочувство до семејствата на загинатите.
Тој престојуваше во Кохедес за да присуствува на серијата воени вежби, кои, како што рече во телевизиското обраќање, ја покажуваат подготвеноста на армијата на земјата да одговори на „заканата што доаѓа од САД“.