Во пожар што избувнал рано утрово на товарниот брод „ORE SUDBURY“ што пловел под грчко знаме, во морската област Гуаиба во Бразил, животот го загуби 40-годишен Грк, капетан на бродот, соопштија од грчката крајбрежна служба, јави дописничката на МИА од Атина.
Пожарот избил во делот за сместување, бил изгаснат од екипажот и извлечено безживотното тело на капетанот. Бродот е со 27 членови на екипаж, од кои девет грчки државјани, а никој од нив не е повреден.
Од крајбрежната служба на Грција соопштуваат дека веднаш биле известени локалните власти, а од пожарот не било предизвикано загадување на животната средина.