Борци од палестинското исламистичко движење Хамас вчера лансираа десетици ракети од Појасот Газа врз Израел, кој возврати со воздушни напади.
„Кон територијата на Израел до моментов се истрелани околу 70 ракети. Повеќето од нив паднаа во ненаселени области, а 11 беа пресретнати од израелската систем за противракетна одбрана. Но, две паднаа во градот Сдерот“, истакнаа од полицијата и армијата, пренесува БТА.
Израелските воздухопловни сили соопштија дека погодиле најмалку 12 цели во Газа, вклучувајќи фабрика за производство на бетон и на елементи за изградба на тунели, како и воени објекти. Во воениот одговор на Израел, загинаа најмалку еден Палестинец, а повредени се најмалку петмина.
Специјалниот пратеник на ОН за Блискиот исток Николај Младенов апелираше до Израел и Хамас да се „повлечат од работ“ на нов судир.
– Ситуацијата може брзо да се влоши, со катастрофални последици за сите луѓе, рече Младенов.
Нападот се случува и покрај преговорите за постигнување напредок кон евентуално примирје, за да се избегне четврта, во последните 10 години, војна.
ФОТО: Твитер
Video from Israel today. It shows dozens of children desperately trying to get into a bomb shelter in 5-15 secs as Hamas launches rockets from Gaza. One lands in the street right next to them. Two ppl are hurt. Where is the outrage for this attempted murder of civilians? pic.twitter.com/6iHvhZraAe
— Katie Pavlich (@KatiePavlich) August 8, 2018