Општина Чаир изразува искрено сочувство до семејството на настраданите двајца работници која се случи во близина на основното училиште „Петар Здравковски Пенко” во Чаир.
Од таму велат дека на местото на настанот веднаш излегле инпектори на Општина Чаир за да ја потврди фактичката состојба и за да констатираат дали се испочитувани сите предвидени законски норми за овој вид на работи од страна на изведувачот.
„Според изготвениот записник од страна на инспекторите на терен, започнатите работи за вклучување во подземната инфраструктура немале дозвола за нивно спроведување и истите се започнати во текот на денешниот неработен ден – сабота“, се наведува во соопштението од општина Чаир.
Двајца работници починаа, а еден е пренесен во болница откако врз нив паднала земја при вршење на ископ на земјиште со багер на улицата Кемал Сејфула, спроти поликлиниката „Чаир“.
Полицијата соопшти дека настанот се случил денеска околу 11 часот при вршење на ископ на земјиште со багер за водоводна мрежа, при што дошло до лизгање на земјиштето и притоа во каналот од лизгањето затрупани се три лица кои работеле на ископот. Две од затрупаните лица на возраст од 26 и 28 години починале на лице место, додека третото лице (54 години) со возило на Итната медицинска помош е пренесено во ГОБ „Наум Охридски“ за укажување лекарска помош.
Според Алсат-М, двајцата загинати биле браќа, а нивинот татко бил сопственик на фирмата.
.