Најмалку 70 мигранти се удавија откако потона брод во близина на брегот на Тунис, јави германската новинска агенција ДПА.
При несреќата спасени се 16 лица од страна на рибари кои биле во близина на бродот што тонел.
Туниската крајбрежна стража се обидува телата на жртвите да ги префрли го градот Сфакс.
Се претпоставува дека бродот испловил од соседна Либија, а крајна дестинација била Европа.