Најмалку 35 лица загинаа и четворица други се повредени во вчерашната сообраќајна несреќа во саудиската провинција Медина, изјави портпаролот на регионалната полиција, пренесува ДПА.
Автобус во кој имало 39 иселеници од азиските и арапските земји се судрил со тешка градежна машина во близина на Ал-Ахал, град во саудиската провинција Медина, изјави портпаролот.
– Надлежните веднаш отворија истрага за инцидентот – додаде тој, пренесе ДПА.