Најмалку 19 лица загинаа, а 22 се повредени кога камионот во кој се наоѓале паднал во клисура на северниот дел на Филипините, соопшти локалната полиција.
Несреќата се случила синоќа покрај планински пат во градот Коннер, провинција Апајао, 357 километри северно од Манила.
Жртвите, главно земјоделци, биле на пат кон дома откако добиле помош во пари и семиња од владата во блиската провинција Калинга, соопшти полицијата.
Според првичната истрага, камионот излетал од патот затоа што му откажале сопирачките.