Загинаа петмина при судир на два хидроавиона на Алјаска

55
ФОТО: Си-Ен-Ен

Најмалку пет лица загинаа, а десетмина се повредени во судир на два хидроавиона на североистокот на Алјаска, пренесува крајбрежната стража на САД. Несреќата се случила на 300 километри северно од Џуно, престолнината на Алјаска. Како што пренесуваат странските агенции, во едниот авион имало десет, а во другиот пет патници. Околностите за судирот сѐ уште се непознати, но се стравува дека бројот на загинати може да се зголеми бидејќи едно лица сѐ уште се води за исчезнато.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...