Загинаа најмалку петмина откако автобус намерно удри во повеќе возила во Кина

192

Најмалку пет лица, меѓу кои и еден полицаец, загинаа денеска, кога автобус влета меѓу автомобили и мотицикли на прометна улица во кинескиот град Лонџан.

Инцидентот се случил кога маж под закана со нож украл автобус и потоа со возилото намерно се залетал кон улицата, удирајќи повеќе автомонили и мотоцикли. По ова, полицајци успеале да го совладаат мажот и да го уапсат.

Властите соопштија дека при инцидентот се повредени најмалку 21 лице.

Причините и мотивите за постапката на мажот, чиј идентитет не е соопштен, засега не се познати. Полицијата поведе истрега за случајот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...