Загинаа двајца во пожар подметнат од бившата жена

1040

По пет дена заеднички живот, во пожар загинале 61-годишниот Сулејман Муриќ и 45-годишната Седина Моцевиќ во Црна Гора.

Поради тоа, уапсена е поранешната сопруга на Сулејман, 55-годишната Сафија.

Тие биле разведени осум години. Неофицијално, Сафија признала оти ја запалила куќата, но кажала дека не знаела оти има некој внатре.

Меѓутоа, извор за српските медиуми изјавил оти на сослушувањето таа изјавила дека приметила оти едно светло во куќата се изгасило додека му приоѓала на објектот, но додала оти не слушнала дека има некој внатре.

Наводно, Сафија рекла дека и било криво што нејзиниот поранешен сопруг живее со друга жена во куќата која заедно ја граделе.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...