Во поголемиот дел на Босна и Херцеговина регистрирано е зголемено загадување на воздухот, покажуваат податоците на интернет страницата за мерење на квалитетот на воздухот „Ер вижуел“.
Најзагаден воздух денеска е регистриран во Лукавац, каде индексот на квалитетот на воздухот изнесувал 371, што укажува дека воздухот е исклучително нездрав и опасен за вдишување.
Показателите укажуваат дека во воздухот во БиХ е забележана натпросечна концентрација на штетните ПМ честици на метар кубен (ограничувањето е 94 микрограми на метар кубен).
На подрачјето на Сараево е регистрирана концентрација од 199 микрограми на штетни честици на метар кубен во воздухот. Сараево на почетокот на овој месец беше меѓу најзагадените градови во светот.
Загаденоста на воздухот утрово е зголемена и во Зеница, Какањ, Високо, Добој, Тузла и Грачаница.