Завршува манифестацијата „10 дена Крушевска Република“

195

Со спуштање на знамето на Крушевската Република на Гумење, вечерва во Крушево ќе бидат затворени Научно-културните средби „10 десет дена Крушевска Република“.

На завршницата на манифестацијата концерт за посетителите ќе одржи Викторија Лоба.

Синоќа, деветтиот ден од Манифестацијата, го збогатија триото „Шербет“ и Ди-Џеј Галоски со забава во градскиот парк во Крушево.

Во десетте дена на одржувањето, манифестацијата понуди бројни настани на повеќе локации во градот, меѓу кои и пречек на илинденската коњаница, чествување на 2 август – Илинден, промоции на книги и одржување на концерти, театарска претстава и трибина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...