Завршува „Браќа Манаки“, претставен филмот „Скаут“ на Алекс Цветков

Последниот ден на годинашново издание на ИФФК “Браќа Манаки“ поминува во знакот на исчекувањето на имињата на добитниците на Златна, Сребрена и Бронзена камера 300,  која се доделува на најдобрите кинематографери од филмовите во главната програма Камера 300. Освен овие три главни награди ќе биде доделена и Мала камера 300 од конкуренцијата на краткометражни филмови.

111

На последната прес конференција од годинашниот ИФФК „Браќа Манаки“, во Битола беше претставен дел од тимот на краткометражниот игран филм „Скаут“ на режисерот Алек Цветков, син на Рок Цветков познатиот каскадер со македонско потекло.

На средбата со новинарите во Битола, режисерот Цветков говореше за мотивите и неговата љубов кон филмот, која е резултат на честите присуства на снимање филмови заедно во неговиот татко.

– Со моето запишување на режија мислам дека го остварив сонот на татко ми, кој поради тоа што многу работеше немаше време да се образува. За мене, пак, е особено важно што токму со него го правев првиот филм. Имав трема, бев исплашен, бидејќи имав многу искусен тим и мислев дека нема да ги исполнам нивинте очекувања, но тие навистина ми веруваа и ме поддржаа. Дејан Димески го запознав на снимањето, го внесе целото искуство и одлично го сработивме филмот – рече Алекс Цветков.

Дел од тимот се Рок Цветков, актер и каскадер, кој бил вклучен во многу филмови во Европа и во Холивуд, Вања Сремац од Хрватскиот аудио-визуелен центар, Тјаша Цветков, која е дел од екипата и Дејан Димески, кинематографер, добитник на Бронзена камера 300 минатата година, информираше Гена Теодосиевска, директор на фестивалот „Браќа Манаки“.

Последниот ден на годинашново издание на ИФФК “Браќа Манаки“ поминува во знакот на исчекувањето на имињата на добитниците на Златна, Сребрена и Бронзена камера 300,  која се доделува на најдобрите кинематографери од филмовите во главната програма Камера 300. Освен овие три главни награди ќе биде доделена и Мала камера 300 од конкуренцијата на краткометражни филмови.

Освен краткиот филм „Скаут“, кој се прикажува надвор од официјалната конкуренција, публиката во Центарот за култура во Битола, ќе го види и последниот филм од главната програма „Црниот Кју-Клукс- клановец“, во режија на Спајк Ли.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...