Заврши состанокот на Г-20 во Буенос Ајрес

Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин по завршувањето на средбата изјави дека ставот на Трамп во трговијата не е во корист на протекционизмот, туку сака слободна и фер трговија за САД.

39

Министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите од Г-20 соопштија дека засилените тензии во трговијата и геополитика се закануваат да го исфрлат од колосек светскиот раст, и повикаа за поголем дијалог.

Во завршната декларација од средбата на Г-20 во Буенос Ајрес тие истакнаа дека светскиот економски раст е силен, а невработеноста е на најниско ниво во последните десет години, но предупредија дека растот станува понесинхронизиран меѓу големите економии и оти се зголемиле ризиците од негативни трендови на краток и среден рок.

Средбата се одржа во момент кога се заострува реториката во трговскиот конфликт меѓу САД и Кина.

Американскиот министер за финансии Стивен Мнучин по завршувањето на средбата изјави дека ставот на Трамп во трговијата не е во корист на протекционизмот, туку сака слободна и фер трговија за САД.

– Ние многу силно ја поддржуваме идејата дека трговијата е важна за светската економија, но таа мора да биде заснована на праведност и реципроцитет – рече Мнучин на прес-конференција.

Тој информира дека немал значајни разговори за трговијата со кинескиот министер за финансии Лиу Кун на средбата на Г-20.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...