Заврши протестот на производителите на слива

Производители на сливи со земјоделска механизација го блокираа овој патен правец неполн час и половина изразувајќи незадоволство од откупот на сливи.

137

Нормализиран е сообраќајот на патниот правец Радовиш – Струмица кај селото Воиславци кој беше блокиран од незадоволни земјоделци, откако земјодлеците го завршија протестот.

Тие со земјоделска механизација го блокираа овој патен правец неполн час и половина изразувајќи незадоволство од откупот на сливи.

Земјоделците велат дека договореното со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство не е испочитувано, односно оти за предадените количини сливи не добиваат кантарни белешки за да можат да добијат плус три денари за килограм.

– Бараме по пет денари за килограм обесштетување за секој производител на слива. Тоа го бараме бидејќи Владата веќе има превидено по три денари за секој предаден килограм слива и два денари за откупувачите. Но, во случај кога нема откуп, бараме овие пет денари да се исплатат на производителите на сливи за да можат да покријат барем дел од трошоците кои ги имаат за производство – изјави Станко Младеновски од Иницијативниот одбор.

Додаде дека бараат исплатата на обесштетувањето да се однесува во просек на три илјади килограми сливи од декар за секој производител.

Производителите на сливи велат дека ако не се прифатат нивните барања утре ќе продолжат со блокада на патниот правец Струмица-Радовиш во траење до три часа и секој нареден ден времетраењето на блокадата ќе се зголемува за еден час.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...