Заврши протестот на албанската опозиција во Тирана

115

Со обраќање на потпретседателот на Демократската партија, Еди Палока пред партиското седиште и извикување на слоганот „Рама оди си“, попладнево заврши протестот на обединетата албанска опозиција во Тирана.

Обраќањето на Палока беше поради отсуството на партискиот лидер Љуљзим Баша, кој е во Брисел каде учествуваше на средбата на Европската народна партија (ЕПП).

– Сакам да Ве поздравам и да Ви честитам за денешната битка за постигнување сигурна победа. Ве поздравам и во име на г-дин Баша, кој одржува серија состаноци во Брисел, кои се успешни и се дел од победата што не очекува. Почнавме битка која ќе оди кон победа. Колку побрзо го разберат тоа, толку подобро за нив, изјави Палока.

Тој посочи дека „патот за уривање на Владата нема да запре тука“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...