Заврши заложничката криза во Келн

172

Германската полиција го уапси мажот, кој киднапираше жена на главната железничка станица во Келн.

– Полицајците влегоа во аптеката, каде киднаперот ја држеше – изјави портпаролот на полицијатра Кристоф Шулте.

Киднаперот е повреден, но не се наведуваат детали.

– Осомничениот е под контрола, а жената, кој е ослободена е полесно повредена – објави полицијата на Твитер

Железничката станица во Келн, која е една од најголемите во Германија денеска беше затворена и евакуирана поради заложничката криза, која почна во 12 часот и 45 минути по локално време. Исто така беше блокиран и плоштадот зад станицата.

Се уште не се познати мотивите за киднапирањето на жената.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...