Заврши гроздоберот во Тиквешијата – Аргатските дневници и до 1.000 денари

217

Заврши бербата на грозје во најголемот лозаровнарски регион во државата, Тиквешкиот. Трајче Кулев, претседател на Здружението „Напредни лозари“ вели дека сега се сумираат резултатите од гроздоберот. Се утврдуваат количините набрано грозје, постигнатите цени и начинот на плаќање. Слободно може да се каже, нагласува тој за МИА, дека гроздоберската сезона помина без поголеми проблеми.

– Интересно е да се каже дека голем број на тиквешани својот годишен одмор што им следува на работното место, наместо на море, го искористија крај морето од лозја. Тоа го сторија оние кои имаат сопствени лозови насади, а не можеа да најдат аргати за бербата, поради тоа што голем дел од оние кои порано аргатуваат, сега работат во фабрика. Како второ, годишниот одмор го искористија за на гроздобер оние кои на работа имаат ниски плати, па решија да заработат денар плус со берба на грозје, бидејќи аргатските дневници достигнуваа и до илјада денари. Кој ти дава дваесет илјади денари за дваесет дена работа и тоа со нормално работно време, по ладовина – додава Кулев.

Тој се надева дека доаѓаат подобри денови за лозаровинарството. Вели дека за следната сезона, лозарите порано ќе ги почнат преговорите со винарите со посредство на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со цел повисоки цени за килограм грозје и побрза исплата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...