Забрана за иранска авиокомпанија да сообраќа во Германија

80

Германската федерална служба за воздушен сообраќај во Брауншвајг забрани иранската авиокомпанија „Махан Ер“ (Mahan Air) да сообраќа во Германија.

– Махан Ер мора да ги запре сите летови кон и од Германија до понатамошно известување – се вели во соопштението. Како што е објавено, причината за укинувањето на дозволата за летање е „да се зачуваат надворешната политика и безбедносните интереси на Германија“.

Германските медиуми претходно објавија дека на Махан Ер му е забрането да сообраќа во земјата, затоа што е осомничен дека со нив редовно летаат припадници на иранските револуционерни сили и транспортираат ирански војници и оружје во Сирија.

Махан Ер, исто така, е под сомнение за користење на негови авиони и за терористички цели.

„Зидојче Цајтунг“ и јавните сервиси НДР и ВДР, кои се повикуваат на извори во германската Влада, тврдат дека ова е специфичен потег насочен против една компанија, а не општи санкции против Иран.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...