По гласините дека американската поп пејачка Мајли Сајрус и нејзиниот вереник Лијам Хемсворт ја раскинале веридбата, тој на Инстаграм објави видео на кое тие двајца се возат во нивната кола и се забавуваат на свој начин.
При крајот на кусата снимка, Мајли исповоцирана од негов необичен потег, одненадеж станува лута, и видеото завршува. На обожавателите не им е јасно дали ова значи потврда на гласините, или пак, иронично негирање, коментираат американските медиуми.
Гласините за прекин на свршувачката се појавија минатиот петок, 13 јули.
Мајли и Лијам својата веридба ја објавија во јуни 2012 година, две години откако се сретнаа на сниммањето на видео спотот „The Last Song“.
ФОТО: Инстаграм