Холивудската ѕвезда Џон Траволта и музичката легенда 50 Cent направија незаборавна забава во Кан.
На затворањето на Филмскиот фестивал во Кан Џон Траволта и Фифти Сент направија вистинска забава. На афтерпарти забавата на познатиот музичар му се приклучи Траволта по премиерата на биографската крими драма „Готи“.
Тој заигра на песната „Јust a little bit“. Снимката на својот твитер го објави раперот Фифти сент со коментар „Џон Траволта и јас се забавуваме – Се колнам дека дојдов тука само поради него“.
Главна причина за доаѓањето на Траволта е премиерата на „Готи“, како и одбележувањето на 40 годишнината од култниот филм „Брилијантин“, што се прикажа на плажата во Кан.
Траволта за Кан го врзува и филмот „Pulp fiction“, кој ја имаше премиерата токму на овој фестивал во 1994 година и кога ја освои Златната палма.