Бразилската манекенка Жизел Бундшен откри многу детали од нејзиниот приватен живот преку своите нови мемоари „Лекции: Мојот пат кон смислата на животот“, кои ќе излезат наскоро.
Жизел во нив проговори за првите напади на паника кои почнале да и се случуваат пред 15 години, кога ѝ почналанагорната кариера како манекенка и на крајот ја довеле да размислува на самоубиство.Таа во книгата ракажува и за врската со актерот Леонардо ДиКаприо.
-Навистина размислував за тоа дека ако скокнам од балконот, конечно ќе заврши, и нема да морам да се грижам за мојот свет што постојано се намалува. Мислев дека сè околу мене може да ме убие. Прво тоа беа авиони, потоа лифтови, тунели, хотели, студија и автомобили. На крајот имав страв и од мојот стан. Се стана како кафез, се чувствував како заробено животно и не можев нормално да дишам. Мислев дека ќе биде се полесно ако само скокнам – раскажа таа за „Пипл“ и додаде дека лекарите и го спасиле животот.
-Пушев, пиев шише вино и три кафиња дневно, а од сето тоа се откажав за еден ден, вели Жизел, кој сега живее семејна идила со сопруг Том Брејди и двете деца.
ФОТО: Инстаграм