Речиси 1.500 стари дворци би можеле да се најдат на продажба во блиска иднина во Франција, објави весникот „Ле Фигаро“, повикувајќи се на стручни лица и трговци со недвижнини.
Некогаш овие имоти припаѓале на аристократските семејства, па се пренесувале од колено на колено. Сепак, современите сопственици сѐ почесто се решаваат да ги заменат со друго живеалиште.
– Времето на сопственост на еден дворец се намали на осум години во просек – изјави Оливие де Лоргерил, претседател на здружението на сопствениците на дворци.
Она што потенцијалните купувачи би можело да ги одврати, се високите трошоци за одржување на замокот, од камените подруми до „бајковитите“ високи кули.
Стручните лица велат дека, веројатно, нема да биде проблем да се најдат купувачи за дворците околу Париз, но тоа може да биде проблем за зафрлените рурални замоци.