Жељка Цвијановиќ во водство на изборите за претседател на Република Српска

394

Кандидатот на Сојузот на независни социјалдемократи (СНСД) и актуелен премиер на Република Српска, Жељка Цвијановиќ убедливо води на изборите за претседател на српскиот ентитет во БиХ, покажуваат првичните прелиминарни резултати од вчерашните изборите во Босна и Херцеговина.

Централната изборна комисија (ЦИК) на БиХ досега обработи 1.260.597 гласачки ливчиња на кои граѓаните на Република Српска гласаа за избор на нов претседател.

Од вкупно 2.240 гласачки места, обработени се 1.760, а според првите прелиминарни податоци на изборите за претседател на Република Српска, кандидатот на СНСД Жељка Цвијановиќ доби 234.912 гласови (47,67 отсто). По неа следи кандидатот на Сојузот за победа, Вукота Говедарица, кој освои 210.066 гласови (42.63 отсто).

На изборите за потпретседател на Република Српска од редовите на бошњачкиот народ, со освоени 13.130 гласови, води кандидатот на Партијата за демократска акција (СДА), Рамиз Салкиќ, по кој следи независниот кандидат Џамил Дураковиќ со освоени 6.151 гласови.

За потпретседател од редот на хрватскиот народ, според прелиминарните резултати, во водство е Јосип Јерковиќ од коалицијата на Хрватската демократска заедница во БиХ (ХДЗ). Тој освои 1.637 гласови, а по него следи независниот кандидат Славко Секулиќ со освоени 888 гласови.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...