Вечно убавата Синди Крафорд, „згрме“ на високи потпетици, со бујната, секси коса, а на сцената изгледаше како да има барем помалку од 20 години.
Славниот Џорџ Мајкл во 1990 година ја претстави легендарната песна „Freedom“, а цврсто одлучен беше да не се појави во својот спот, по совет на славниот германски фотограф Питер Линдберг во видеото за „Freedom“ се нашле пет најдобрите светски модели.
Па така во спотот се појавија и блеснаа Наоми Кемпбел (49), Линда Еванџелиста (54), Татјана Патиќ (53), Кристи Тарлингтон (50) и Синди Крафорд (53).
Убавата Синди, вчера на 25 јуни на денот кога покојниот Џорџ Мајкл би наполнит 56 години, одлучила во знак на сеќавање на него, да објави снимка од емисијата во која во бела секси кошула направила конфузија.
Синди во 2017 година се појави во „Lip Sync Battle“, во моментот кога актерот Захари Квинто (42) ја изведувал популарната песна „Freedom“.
Покрај оваа снимка таа на Инстаграм објавила снимка од својата пријателка со која заедно биле во оригиналниот спот на „Freedom“.