Женскиот младински хор при МКЦ освои прво место во Варшава

105

Маестро Татарчевски и Женскиот младински хор при Младинскиот културен центар го освоија првото место во категоријата на еднородни хорови на меѓународниот акапела натпревар „Varsovia Cantat” во Варшава.

Хорот одржа и два концерта во катедрали во Варшава и Згиерж и настапи на гала концертот на сцената на големата концертна сала на музичкиот универзитет „Фредерик Шопен”.

Наградата е последна во низата од шесте први награди, шесте специјални награди и „Grand Prix“ титула освоени од маестро Татарчевски и Женскиот младински хор при МКЦ во последните три години на натпревари во Романија, Полска и Словачка.

Пред околу една недела маестро Татарчевски и Женскиот младински хор при МКЦ го реализираа проектот „JazzToVoice“.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...