Актерот го предизвика гневот и бесот на јавноста кога го повтори својот став дека на жените треба да им се удри шлаканица и на тој начин го поддржа насилството.
Имено, Шон Конери во деведесеттите години ја шокираше јавноста пред камерите, кога порача дека „на жените треба да им се удри шлаканица, доколку шлаканицата е заслужена“.
Неодамна, во разговор со новинарка, повторно ја отворил таа тема.
„Во претходно интерју ја застапувавте тезата дека не е најлоша работа на светот доколку и удрите шлаканица на жена? И рековте дека треба да ги удирате со тупаница, а не со отворена дланка?“ – го прашала новинарката, а тој повторно ги запрепасти сите:
– Да. Не го сменив мислењето. Воопшто – изјавил Шон.
Јавноста остро ги осуди неговите ставови.