Жените работат за пониски плати и малку ги има на раководни места

Податоците за земјава, пак, покажуваат дека 33 отсто од новоотворените фирми се на жени. Од вкупниот број вработни 282.000 се жени кои чинат 73 отсто од вработените во приватниот сектор.

248

Жената мора сама да се избори за својата позиција во економијата посебно, но државата треба да создаде услови таа да може да го покаже своите претприемачки способности. Тоа е потребно за да се промени состојбата, според која, жените и покрај декларативната еднаквост сѐ уште се пониско платени од мажот за иста работа, а раководните функции се главно машки. Ова е ставот на Сојузот на стопански комори кој денеска на прес-конференција го презентира Габриела Кулебанова, член на Управен одбор на оваа комора.

– Само 12 отсто од вработените жени во приватниот сектор се на раководна позиција. Не дека жените не се добри претприемачи, туку затоа што тие имаат ограничени финансиски можности да отворат и раководат фирма и дополнително нема организираност на иституциите да го следат нејзиниот ангажман и постојат бариери кои ја следат. Жените често се во позиција на работна сила на пониско ниво, што значи и пониски примања, дури и за исти професии во одредени случаи жените се помалку платени од мажите, за 12 отсто – вели Кулебанова.

За еднакви можности во приватниот сектор, вели таа, стратешки треба да се постави систем, кој ќе биде во функција на поинтензивно вклучување на жените на пазарот на труд, како и на раководни позиции, што значи да се изнајде баланс и меѓу приватниот и професионалниот живот.

– Потребно е да се направи синергија меѓу државата, образовниот систем, за воспоставување пракса и работа на младите од неколку часа, флексибилни работни часови, понатаму добра организација на градинките и сите чинители кои треба да направат позитивно опкружување за жените да можат да се реализираат и на бизнис план – смета Кулебанова.

Според податоците на Светска банка евидентиран е тренд на константно намалување на бројот на жени кои учествуваат на пазарот на труд, во 2013 имало 44 отсто, додека во 2017 година 42 отсто, на високи раководни позиции под 2 отсто. Просекот во ЕУ е 63,5 со тенденција до 2020 година да се зголеми на 75 отсто.

Податоците за земјава, пак, покажуваат дека 33 отсто од новоотворените фирми се на жени. Од вкупниот број вработни 282.000 се жени кои чинат 73 отсто од вработените во приватниот сектор.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...