Жена со две матки родила близнаци 26 дена по раѓањето на синот

Арифа Султана родила син по природен пат на крајот на февруари, но лекарите не ја забележале нејзината втора матка. 

138

Млада жена од Бангладеш родила близнаци 26 дена по раѓањето на првото дете, што мошне ги изненадило лекарите кои немале поим дека 20-годишната жена, всушност, има две матки.

Арифа Султана родила син по природен пат на крајот на февруари, но лекарите не ја забележале нејзината втора матка.

– Таа не била свесна дека е бремена со близнаци. Воденикот ѝ пукнал 26 дена откако го родила првото дете, па дојде кај нас – раскажала гинекологот на Арифа, Шејла Подар за АФП. Подар минатиот петок итно го направила царскиот рез и ги породила близнаците, девојче и момче.

Близнаците се здрави и се пуштени од болница по четири дена.

„Кога дојде пациентката направивме ултразвук и откривме близнаци. Бевме шокирани. Никогаш не сум видела такво нешто“ рекла докторката Шејла Подар.

Шефот на болницата Дилип Рој рекол дека не видел ништо слично во повеќе од 30 години во неговата медицинска кариера. Побарал истрага поради што лекарите во болницата Кулна медикал колеџ во Бангладеш не ја забележале другата бременост.

Арифа и нејзиниот сопруг се многу сиромашни и таа никогаш не била на ултразвук пред првото породување. Таа потекнува од сиромашно семејство, па иако е среќна што родила три деца, загрижена е како ќе се грижи за нив.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...